
Соопштение за јавност од СДСМ:
Во Србија, Александар Вучиќ осмисли посебна функција во партијата кога не знаеше што да прави со луѓето кои ништо конкретно не знаеја да работат, само филозофираа, па ги нарече „ботови“.
Бот е скратеница од „робот“ и означува луѓе кои се „подесуваат со софтвер“ да извршуваат дејства онака како што ќе ги „програмираш“.
Како се плаќаат?
Ефтино – се плаќаат со сендвичи!
Затоа народот им даде еден духовит прекар – „сендвичари“!
Духовит прекар, но не треба да се заборави дека тие извршуваат сериозна работа за кујната на лагите.
Така настана и првиот македонски бот – се вика Валентин Манасијевски.
Бидејќи нема никаква функција во ВМРО Ванчовистичка, идеален е да глуми портпарол за лажни вести, изјави и напади на СДСМ.
Зошто нема функција?
Мора да остане „чист“. Не смее да работи тендери и да прави комбинации како некои другари на премиерот.
Што прават со Валентин?
Едноставно му се плаќа облекувањето (забележувате нови одела и сакоа за секоја прес-конференција) сепак треба да изгледа како Валентино, како што и името му звучи.
Се разбира, тука може да биде и задолжителниот сендвич.
Така Валентин, со презиме Манасијевски, успеа да стане првиот и единствен примерок на бот во Македонија.
Секогаш кога нема одговори за: поскапувањето на струјата, недостигот на мазут, загадениот воздух, „мигранти за пари“, Алта банка – што се прави?
Па нормално – дефокус!
Стиснуваат копче и ете го Манасије. Се поклонува и почнува со Заев, Филипче, СДСМ… функционира навистина како најнова верзија на АИ.
Потребно е ВМРО Ванчовистичка да се грижи за Манасије. Зголемете му малку буџет за мода – треба модерно да изгледа.
За топлиот оброк (сендвичот) не се грижиме, забележано е дека е засилен, појачан.
Ете уште една нова професија преземена од Белград, од нивниот шеф Вучиќ.
Како што стојат работите, наскоро очекуваме ВМРО Ванчовистичка да го додаде и она „СНС“ помеѓу ДПМНЕ.

