Skip to main content
Економија

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

17/07/2025  21:47

Соопштение на СДСМ:

Во држава во која повеќе од 55% од населението не може да си обезбеди годишен одмор од седум дена, според последните истражувања на репрезентативниот Синдикат, Мицкоски зборува за четврта економија во светот, пред онаа на Исланд, Ирска, Данска и Норвешка.

Македонија се соочува со економски и енергетски колапс.

Во моментов граѓаните се соочуваат со инфлација која ги јаде домашните буџети, земјоделците се жалат на катастрофални откупни цени, недостасуваат субвенциите, а оние кои се исплатени се намалени за речиси половина.

Домашното индустриско производство пропаѓа, еден од најголемите рудници во земјава „Тораница” е пред затварање, не работи РЕК Битола, празни се хидроенергетските капацитети.

Истовремено, капиталните инвестиции во земјава се на историски најниско ниво од 26% во третиот квартал, и нема изгледи дека ќе се зголемат и во четвртиот квартал. И иако нема капитални инвестиции и проекти, пари на трезорска сметка нема.

Не се враќа ниту ДДВ на даночните обврзници.

Истовремено, Мицкоски се луксузира како османлиски бег, додека ја задолжува државата за 8 милијарди евра, а лаже дека „немало дополнителни задолжувања”.

Македонија е пред сериозен колапс, Мицкоски го знае тоа и гледа да приграби што повеќе може додека го лаже народот.