Skip to main content
Македонија

СДСМ: Куманово чека правда за скандалите на Максим Димитриевски и кумските шеми со профити од 350.000 евра!

23/05/2025  12:39

Прес-конференција, Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово

Почитувани граѓани,

Правдата никако да стигне до нашиот град – Куманово. Тоа мора да се промени.

Скандалите поврзани со работата на градоначалникот од ЗНАМ, Максим Димитриевски никако да добијат институционална разрешница.

Станува збор за основани сомнежи кои мора до крај да бидат расчистени, сомнежи за судир на интереси, перење пари и коруптивни шеми, злоупотреба на функцијата и институциите во Општина Куманово.

Сомнежи за систем кој наместо на граѓаните им служи на личните бизнис интереси и кумовски врски предводен лично од градоначалникот Максим Димитриевски. 

1.Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски.

Кумот на Димитриевски купува земјиште од семејството на Димитриевски за 248.000 евра а само месец дена подоцна тоа исто земјиште го препродава на ЛИДЛ за 600.000 евра. 

За ова земјиште се менува и ДУП-от за кој гласа братот на Митевски кој е координатор на советничката група на ЗНАМ.

Кој повеќе е заглавен во конфликт на интереси во овој скандал?

Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор.

Понатаму, мора да се истражат и другите скандали. 

2. Како тоа Димитриевски добива стан од 97 метри квадратни во центарот на Куманово вреден 70.000 евра за само 2.500 евра? Каква е таа размена на земјиште од својот кум? 

Има ли тука грам пазарна логика? На што личи ова освен како уредено сценарио за прикриен профит и перење пари?

Значи кумот купува, продава, заменува препродава и најважно од се профитира. А сето тоа е индеиректно овозможено од Димитриевски.

Овие случаи не се изолирани инциденти – туку дел од системски образец: користење на политичката функција за лично и семејно богатење на Димитриевски.

Институциите не смеат да замижуваат пред овие криминали, кумовски шеми за големи профити.

СДСМ јавно повикува:

Антикорупциска комисија да отвори предмет за скандалите со Димитриевски.

Финансиска полиција и Јавното обвинителство да постапат по допрен глас.