
Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези.
Поврзувањето на изјавите на новинарот Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси. Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат.
СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата.
Благодарение на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да одат и да се сликаат во НАТО и да глумат партнери на САД, а во опозиција направија се за да ги блокираат овие процеси.
Им порачуваме да се фатат за работа и да покажат конкретни резултати затоа што граѓаните од нив очекуваат работа.