Skip to main content
Македонија

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

31/12/2025  13:36

Соопштение за јавност на СДСМ:

Толку многу лажат од ВМРО што веќе и самите се загубија во сопствените лажни вести.

Поскапе и „визата”, преку ноќ. Еден ден велеа дека чинела половина милион долари. Вчера веќе не се половина милион – стана половина милијарда. Ама евра. А велеа долари. 

На лагите им нема крај.

Во паника, сега го вмешуваат и Харис Џиновиќ.  А само со едно пребарување и таа лага се демантира, Харис за Нова Година гостува во Херцег Нови (Црна Гора).

Толку е ВМРО изгубена и лажна.

Причината е јасна: ДЕФОКУС од криминалните тендери и мигранти за пари.

Ова веќе не е само политичка манипулација – ова е директна навреда на интелигенцијата на сите македонски граѓани.

Туку, кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?