Skip to main content
Економија

СДСМ ќе поднесе закон за ослободување од плаќање на придонесите при зголемување на платите

03/03/2025  11:15

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе закон за ослободување од придонесите и покачување на платите, изјави денеска пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска.

„Работодавачите ќе можат да ги зголемат платите од 3.000 до 15.000 денари и за таа разлика нема да плаќаат придонеси. Со ова предлог законско решение се отовора можност да се покачат платите на околу 400.000 вработени, без дополнителен товар за придонеси кај работодавачите“ рече Лукаревска.

Таа ги повика сите пратеници од сите пратенички групи да го поддржат ваквото законско решение.