Skip to main content
Македонија

СДСМ: Итно владата да ги прифати предлог- законските решенија на СДСМ за запирање на кризата со цените

16/03/2026  15:48

Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените.

Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата.

Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари,  и укинување на ДДВ на основните прехранбени производи.

Потребно е итно воведување на мерките.

Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има пари за храна.

СДСМ веќе има предлог-законски решенија и мерки кои почнувајќи од утре ќе ги поднесеме во Собранието.

Центар за комуникации, СДСМ