Skip to main content
Македонија

СДСМ има совет за Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски

03/12/2025  17:32

Соопштение на СДСМ:

Новата сила, енергијата и новиот тим на СДСМ носи криза само за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тоа веќе е видливо но допрва на сите ќе им биде јасно, вклучутелно и на Давкова.

И Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има совет за претседателката Гордана Сиљановска Давкова:

Имате доволно години и искуство да не го слушате повеќе вашиот водач Никола Груевски.

Едноставно е погрешно и штетно за иднината на државата. Тој криминален концепт еднаш беше поразен и повторно ќе биде поразен сосе неговите ученици кои денеска ја крчмат Македонија.

Никола Груевски пишува на Фејсбук дека е време за војни а претседателката Давкова јавно го кажува тоа како нејзин став дека „не е време за реформи“ затоа што е време за војни.

Осуден и побегнат криминалец, кој украде 2 милијади евра народни пари од Будимпешта диктира повторна изолација на Македонија, нов грабеж и да ја управува Владата на далечинско.

СДСМ е тука тоа да го спречи. Работата се уште не е завршена.