Skip to main content
Македонија

СДСМ: Граѓаните не се чуствуваат безбедни, Тошковски мора да си оди

13/07/2025  13:16

Одговор на новинарско прашање на портпаролката на СДСМ, Богаднка Кузеска:

Ова што се случи во Прилеп е уште една страшна потврда дека безбедносната состојба во Македонија е целосно излезена од контрола. За конректниот случај ќе ги почекаме официјалните информации пред да коментираме бидејќи не сакаме да злоупотребуваме ништо. Но она што е факт е следно:

 Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, по маала, во свои домови. Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината. Едноставно џабе лаже дека „безбедноста е подобрена”, кога граѓаните се оставени сами на себе со чувство на страв и немоќ.

Сведоци сме на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои ја погодија Македонија во изминатата година. Преку 25 убиства и обиди за убиства, оружје на секој чекор, нарко-кланови кои слободно оперираат, а полицијата наместо да ги спречи ги штити.

Системот е парализиран, криминалците управуваат со улиците, а власта со своето молчење и неспособност им овозможува тоа да се случува.

Министерот Тошковски со месеци зборува за „намален криминалитет”, а Македонија секојдневно е потресена од убиства. 

Пораката што ја добиваат граѓаните денес е дека животот им вреди помалку од амбициите на власта. Тоа е страшна порака.

Затоа, повторуваме: Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка. Не од морални причини, туку затоа што е неспособен да ја гарантира најосновната должност на државата, безбедноста на своите граѓани.