
Стратегијата на ВМРО во три чекори: изолација, избори, па мигранти за пари!
Денеска Бранко Героски Геро, во својот текст под наслов „Стратегијата на СДСМ во три чекори – деструкција, хаос и пуч!“, го потврди сето она што СДСМ веќе два месеци ја предупредува јавноста. Дека тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ води политика на изолација, анти-ЕУ и анти-американска ориентација, која ја води Македонија кон целосна изолација, црна точка на Европа.
Овој текст не е само уште еден напад врз опозицијата, туку јасна потврда дека ВМРО очекува санкции од Америка и дека се потпира на „српскиот свет“ како сојузник во својата деструктивна агенда.
Героски, платен пропагандист на ВМРО, човек под контрола на српската БИА, шири националистичка пропаганда, про-руски наративи и дава поддршка на политиката на ВМРО која потсетува на авторитарни модели како Северна Кореја.
Во текстот Героски вели дека ВМРО не може да биде поразено на избори со обвинувања на СДСМ за „пучистичка стратегија“, што е директна копија на реториката на Александар Вучиќ од Србија.
Вучиќ, потсетуваме, ги обвинуваше студентите и опозициските активисти за „обоени револуции“ и обиди за пуч, нарекувајќи ги „терористи“ и „пучисти“.
Героски користи иста матрица како Вучиќ: го обвинува СДСМ за „деструкција, хаос и пуч“, обвинувајќи го СДСМ дека сака да дојде на власт без избори, преку протести и странски амбасади.
Една од клучните точки во текстот на Героски е потврда дека ВМРО очекува санкции од Америка.
Тој пишува за „црни листи“ и пријавување на корупција и криминал во американската амбасада (мислејќи на јавните активности на Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ), но наместо да каже вистина дека тоа е последица на анти-западната политика, тој тоа го претставува како дел од стратегијата на СДСМ.
Ова е директна потврда дека ВМРО води анти-ЕУ и анти-американски курс: одбивање реформи за ЕУ интеграции, блокада на преговори и потпирање на „српскиот свет“ и Русија, како единствена алтернатива.
Покрај ова, Македонија, евентуално може сојузник да најде со Северна Кореја или Белорусија.
Според најновите истражувања од 2025 година, дури 70% од граѓаните на Северна Македонија поддржуваат пристапување кон ЕУ, а 77% го гледаат членството во НАТО како позитивно.
Ова покажува дека политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот, водејќи ја земјата кон економска и политичка маргинализација.
Во рамките на анти-ЕУ кампањата, ВМРО намерно создава конфликти со соседите како Бугарија и Грција, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите.
Пред околу еден месец, во декември 2025, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека го вратил името на државата што предизвика остра реакција од Грција.
Оваа изјава е дел од поширок обид да се разгори национализмот и да се блокира патот кон ЕУ.
Пред 10 дена, повторно ескалира спорот со Бугарија, наводно поради непризнавање на македонскиот јазик.
Бугарското Министерство за надворешни работи демантираше дека јазикот е проблем, нарекувајќи го тоа „фабрикувани тези“, но спорот покажува намерна ескалација која служи да се одржи блокадата на ЕУ интеграциите.
Овие конфликти се дел од анти-ЕУ стратегијата, каде што соседските спорови се користат за да се оправда изолацијата на Македонија.
Пред само неколку дена, вицепремиерот Иван Стојилковиќ присуствуваше на прославата на Денот на Република Српска на 9 јануари 2026 во Бања Лука, каде што се сретна со Милорад Додик.
Оваа посета предизвика критики бидејќи поддржува сецесионистички тенденции во Босна, а Додик е познат по про-руски ставови и обвинувања за корупција.
Ова не е случајно: Стојилковиќ е поврзан со „српскиот свет“, концепт што го измислил Милошевиќ, а чиј најдобар ученик е Вучиќ.
Ова дополнително вклучува и групи како Ноќните волци – руска група моторџии кои се познати по поддршката на Путин и ширењето анти-западни наративи во регионот.
Додадете го на тоа и Никола Селаковиќ, српски министер за култура со про-руски ставови, кого го чека судење во Србија поради фалсификување документација поради која е повлечен проектот „Трамп“ хотел.
Сликата е јасна: ВМРО се потпира на мрежа од про-руски и националистички сојузници за да ја одржи моќта.
Стратегијата на ВМРО може да се сумира во три чекори: изолација, избори, „мигранти за пари“.
Првиот чекор е изолација. Преку анти-ЕУ политика, блокада на реформи и потпирање на Русија, што води кон санкции и губење на поддршката од Западот.
Вториот чекор се изборите, каде што се користат обвинувања за „пуч“ за да се дискредитира опозицијата, копирајќи го моделот на Вучиќ каде што студентите се обвинуваат за „обоени револуции“.
Третиот чекор се мигрантите. ВМРО планира по изборите да прифати мигранти од Британија во замена за пари, по моделот „мигранти за пари“.
Британскиот „The Times“, во декември 2025 објави дека Британија преговара со Северна Македонија околу преземање мигранти и дека плаќа за секој прифатен мигрант.
Героски, Стојилковиќ, Додик, Селаковиќ, Едвард Хјусон, квислингот Деспотовски, Живаљевиќ и Ноќните волци се само делови од оваа сложувалка – мрежа која ја води Македонија кон хаос, наместо кон просперитет во ЕУ и НАТО.
Оваа политика на ВМРО води кон целосна изолација: губење инвестиции, губење доверба на народот кој во огромно мнозинство сака ЕУ и НАТО.
СДСМ мора да продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи Македонија заслужува подобро од копирање авторитарни модели кои водат во мрак во кој веќе бевме со Груевски и Мијалков, а сега со нивните ученици.
Нивната про-руска политика нè доведе до целосен мрак, кој го паметат сите граѓани на Македонија.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
