Skip to main content
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

19/12/2025  10:01

Соопштение на СДСМ:

Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата.

Клучното прашање е: зошто токму сега? 

Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија.

Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми и официјални претставници.

Секој ден излегуваат нови информации и докази за оваа тема. 

Последно, и сам претставник на Владата, Александар Николовски потврди дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија.

А граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој Договор со Британија? Што треба Македонија да прими а за возврат да добие 6 милијари евра креди? Сите знаат.

Токму затоа се носат неуставни резолуции. Токму затоа се воведува забрана за говор. Токму затоа се прави обид опозицијата да се замолчи, а јавноста да се држи во страв. Да се забрани дебата за вистината која сите ја знаат.

СДСМ заедно со граѓаните ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се избори за правда, демократија и слобода на говор.

Борбата продолжува!