Skip to main content
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

22/12/2025  17:31

Соопштение на СДСМ:

Мицкоски и ДПМНЕ сите тендери ги собраа за себе, па почна да ги раздаваат.

Фирмата на контроверзниот Нефи Усеини од Охрид, кадар на ДУИ, добила дел од тендерот вреден 3 милиони евра од Македонија пат, за зимско одржување патишта.

Додека секој ден зборуваат за ДУИ пред граѓаните зад грбот им делат тендери.

Никој не може да довие тендер без одобрение на Мицкоски и ДПМНЕ.

Владата на Мицкоски нема пари за земјоделците, нема за сточарите, им ги нема исплатено ниту субвенциите. Но затоа за криминални тендери мора да има пари.

Дури и парите од ИПАРД 3 програмата посегнаа да ги крадат, по што ЕУ ја суспендираше програмата вредна 130 милиони евра поради корупција.

Дали земјоделците имаат разбирање за ова однесување на ДПМНЕ?