Skip to main content
Македонија

СДСМ: Додека Тараври се шета се случува хаос во здравството – нема биолошка терапија

21/01/2025  12:39

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Додека министерот за здравство се шета по САД и објавува слики од рекламни паноа пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија се оставени без биолошка терапија.

Ова е недозволиво и е уште еден доказ за неспособноста на владата на Мицкоски и министерот Таравари да се справи со елементарните потреби на граѓаните и здравствениот систем.

Недостигот од лекови како „atezolizumab”, „bevacizumab”, „palbociclib”, „ribociclib” и други, претставува алармантен проблем. Станува збор за лекови кои буквално значат живот за пациентите со метастатски канцери.
Наместо одговорност и навремено снабдување, гледаме само изговори и административни препреки кои ја продлабочуваат кризата.

Дали оваа влада, која ги троши народните пари на мебел, коли и луксуз, има барем малку одговорност кон граѓаните чие здравје и живот се загрозени?

Наместо да обезбеди навремено финансирање и планирање на набавките, владата дозволува недостаток на есенцијални лекови и оставени пациенти на милост и немилост.

СДСМ бара итно преземање мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти. Владата нема право да ризикува со здравјето на граѓаните.

Оваа ситуација е последица на системски хаос и лошо менаџирање со здравството.  Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе ги штити, а не ќе ги загрозува!