Skip to main content
Македонија

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Дали сте вие нормални?”

31/12/2025  13:40

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?”

Си поигрувате со интелегенцијата на граѓаните?  Си играте географија?

Прво беше златна виза од половина милион долари. Па потоа стана виза од половина милијарда евра. Па секој ден Дубаи, зграда од 42 ката, Венеција, прослави со Харис Џиновиќ…  Сега, Сент Мориц?

Кога веќе граѓаните ги плаќаат безбедносните служби, кои вие ги злоупотребувате за да го следите претседателот на СДСМ, зошто не објавивте слики од Дубаи? 

Или ве фативме во нови лаги па ја сменивме плочата?

Граѓаните не се наивни!  Гледаат што правите и колку лажете. Ова нема да ве спаси од одговорност.

Само вие произведувате лажни вести во вашата кујна, но наскоро ќе се „готви” и во обвинителството, кога ќе се ослободи од вашите канџи.

Народот повторно ќе ја земе власта во свои раце и тогаш ќе одговарате!