Skip to main content
Македонија

СДСМ: До евтините пратки и дојде на власта, ДПМНЕ пак удри по џебот на граѓаните

09/10/2025  11:38

Соопштение на СДСМ:

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра! 

Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта?

Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително.

Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто?

Зошто се удира по џебот на граѓаните и се ускратува можностада купуваат поевтино онлај?

Или Мицкоски до толку е седнат во скутот на олигарсите па удира по народот за да им обезбеди профити по секоја цена?

Уште еднаш се потврдува дека за Мицкоски и ДПМНЕ профитот на неколкумина моќници и олигарси е поважен од стандардот на народот. 

Ова е уште еден удар врз граѓаните во време кога цените растат, платите мируваат, а економијата е во пад. 

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претвора Македонија во земја каде што богатите стануваат побогати, а обичниот човек плаќа за нивниот луксуз додека не може да врзе крај со крај.