Skip to main content
Економија

СДСМ: Цела недела Владата не презема мерки за цените на горивата

15/03/2026  09:12

Соопштение за јавност на СДСМ:

Помина цела недела, Владата не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата.

Со покачувањето на цените на горивата сите цени ќе пораснат. Во маркетите веќе се чувствува притисокот, цената на маслото за јадење надмина 100 денари.

Дали намерно вака прави Владата на Мицкоски за да профитира од високите даноци врз грбот на владата или од неспособност?

СДСМ веќе предложи пакет на издржани мерки. 

Намалување  намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.

Вие мерки долгорочно ќе ги намалат цените и ќе им помогнат на граѓаните.

Владата мора веднаш да ги примени и да не чека. Секој ден граѓаните ги чини скапо. Оваа недела македонските граѓани платија 3 милиони евра повеќе само со покачување на цената на дизелот за 14 денари.

Се најавува и можен дополнителен раст на цените. Ако војната во Иран потрае три месеци, се проценува дека цената на нафтата може да достигне 150–160 долари за барел, што е речиси двојно повеќе од сегашната цена.

Доколку владата не примени модел што ќе го запре овој тренд, цените ќе продолжат да растат и потоа нема да има нивно намалување, дури и ако дојде до стабилизација на цената на нафтата.

Владата на Мицкоски воопшто не се грижи за стандардот на граѓаните.

Одбива да донесе мерки за намалување на цените, одбива да ја покачи минималната плата.

Работниците се на улица затоа што се борат за корка леб, а власта наместо решенија ги навредува, понижување и омаловажува.