
Соопштение за јавност на СДСМ:
Каде се случило владејачката партија да бара оставка од претседателот на опозиционата партија?
Тоа е апсолутен апсурд, достоен за сценарио од Монти Пајтон!
Но, еве, во нашата реалност, ВМРО ни дава секојдневни совети и сугестии за подобрување на СДСМ, па дури сака да го бира и претседателот на партијата.
Ова го нема никаде.
Добро, ајде, знаеме дека лажно се грижат за нас како многу загрижени тетки, но да бараат оставка од нашиот претседател?
Па, тоа ни Монти Пајтон не би го смислил – би рекле дека е преапсурдно дури и за нивните скечеви!
ВМРО, наместо да се фокусира на огромните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, се претвори во партија која по цел ден се занимава со криминални тендери и со напади врз СДСМ.
Секој ден: „Направете вака, направете така”
Како да се „консултанти” а не партија.
А сега и бараат оставка од претседателот Венко Филипче?
Знаеме дека сакаат контролирала опозиција, но тоа треба на друго место да го бараат, не во СДСМ.
Што очекуваат следно? СДСМ да ѝ каже на власта: „Ви благодариме што сте на власт, ве молиме останете уште!”
Каде е логиката? Во циркусот на Монти Пајтон, можеби и во ВМРО, никаде на друго место.
Не насмеаја, сите граѓани на Македонија, но веќе ништо не е смешно.
СДСМ ќе продолжи да го разобличува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, ќе продолжи да се бори против изолацијата на земјата и за сите наши граѓаните.
Иднината на граѓаните и на Македонија е нашат водилка!
Доста е со губење време, сите ќе одговарате!
Туку одговорете, отиде ли Жан во обвинителство?

