Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара власта целосно да се откаже од измените на спорниот закон за Заштита на деца.
Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова со што се отвораа оваа можност и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби кои ги содржи.
Членот 9 и Членот 10 од Предлог Законот за измена којшто го предложи Владата значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита.
Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата.
Со предложените измени на Законот власта ги враќа процесите назад со воведување можност за полагање за стекнување со лиценца во хартиена форма наместо во дигитална.
Ова отвора можности за злоупотреби, партизација и сомнителни доделувања на лиценци по партиски клуч.
Освен што се спорни одредбите во овој Закон, спорна е и целата процедура којашто насила се туркаше во македонското собрание.
Предлог Законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика.
Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, којашто е блокирана поради неприфаќање на Законот за посебните права на бранителите.
Очигледно ДПМНЕ многу му должи на ВЛЕН, но правниот поредок на државата не смее да биде загрозен само поради политичките дилови на владејачката коалиција.