Skip to main content
Македонија

СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството

06/02/2025  13:24

Соопштение на СДСМ:

Оваа тема, реформите во правосудството, бара надпартиски консензус од сите чинители и парламентарни партии затоа што и самите граѓани тоа го бараат. Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието. На таа средба да се изгради надпартиски консензус затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се настапи и ризил од повторна партизација на правосудните органи. Собранието, законодавниот дом е место кадешто се гради општ консензус и оттука повикуваме на заедничка средба на сите политички партии во Собранието.