Skip to main content
Македонија

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

07/09/2025  09:55

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со наводни шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Наводната афера која очигледно со месеци ја спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, им пукна како бомба во раката.

Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте! Не чекајте ни истрага, ни ништо. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.

Ова е чесна понуда од СДСМ и ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е, дали имате вие?

Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации. Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај.

Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако имате храброст, прашуваат од СДСМ.