Skip to main content
Македонија

СДСМ: 98 дена ДКСК молчи за криминалните тендери на власта

10/03/2026  17:18

Поминаа повеќе од 90 дена од првата пријава што СДСМ ја поднесе до Државната комисија за спречување на корупцијата, а одговор – нема.

Точно 98 дена ДКСК молчат за сериозните сомнежи за криминал и злоупотреби што ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

Нема реакција ниту за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, нема реакција за 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта „Пирамид Билдинг”, нема реакција ниту за 74 тендери за „Ленди груп”, за 9 милиони евра доделени на фирма со само двајца вработени, ниту пак за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

98 дена ДКСК нема ниту збор за овие скандали.

ДКСК молчи и за назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, сопруга на бизнис-партнерот на Мицкоски во хидроцентралите. Иако е сопственик на компании и постои ризик од судир на интерес.

Бизнис мрежата на Мицкоски се шири, секој ден има скандали и криминални тендери а ДКСК молчи и не презема ништо.

Членовите на ДКСК треба да знаат дека молкот е соучешништво.

Центар за комуникации, СДСМ