Skip to main content
Македонија

СДСМ: 240.000 илјади евра тендери од Битола за Пуцко Петрол-омилениот снабдувач на ДПМНЕ

15/03/2025  09:50

Соопштение за јавност на СДСМ:

Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води ДПМНЕ и тоа подолг период, години наназад.

Само со три договори склучени со општина Битола, каде градоначалник  е Коњановски од ДПМНЕ, речиси 240.000 евра завршиле кај оваа компанија.

Ова се само 3 од над 170 договори за тендери кои општини и институции раководени од ДПМНЕ ги имаат склучено со Пуцко Петрол.

Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. 

ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони народни пари преку општините, министерствата и други институции кои тие ги раководат завршиле кај Пуцко Петрол?