Skip to main content
Македонија

Савески ги повлекува овластувањата на обвинителите

31/03/2026  20:59

Државниот јавен обвинител Ненад Савески ќе ги повлече овластувањата на обвинителите кои постапуваат по предмети надвор од своите матични обвинителства, со што директно ќе се рефлектира и врз случаите „Талир 1“ и „Талир 2“.

Со оваа одлука, обвинителката Ленче Ристоска повеќе нема да ги води предметите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат на наводи за перење пари и незаконско финансирање на партиското седиште.

Савески тврди дека станува збор за техничка одлука, а не за политичка, но не негира дека предметите ќе бидат прераспределени и дека Ристоска нема да продолжи да ги застапува.

„Ќе ги повлечам сите овластувања за сите предмети, освен за неколку конкретни случаи“, изјави тој, без директно да посочи имиња.

Случајот „Талир 2“, кој веќе се води во скопското обвинителство, е во чувствителна фаза – му се заканува застарување во август, а се уште нема првостепена пресуда.