
Повеќето од 130.000 домови и претпријатија во Сан Франциско повторно имаат електрична енергија по големиот прекин во саботата. Компанијата PG&E соопшти дека до 7:00 часот струјата е вратена за околу 110.000 корисници, а екипите работат на обнова на преостанатите 21.000.
– Штетата од пожарот во нашата трафостаница е голема, а поправките ќе бидат сложени, наведуваат од PG&E.
Прекинот остави делови од северниот дел на градот без струја, предизвика затворање на продавници и ресторани, блокирани семафори и сообраќајни гужви. Одделот за вонредни ситуации ги повика граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да возат внимателно.

