Skip to main content
Македонија

Само претседателката Давкова од Македонија ќе присуствува на погребот на папата Франциск

25/04/2025  14:12

Шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова е единствената функционерка од Македонија која ќе присуствува на погребната миса на папата Франциско, утре пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Покрај неа, ќе има и делегација од нејзиниот кабинет.

Инаку, минатата година на 23 мај Сиљановска имаше аудиенција кај папата Фрањо, при посетата во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ што се одржува во Рим по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.

Во таа прилика таа му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста