Skip to main content
Спорт

Само 16 години, а веќе А-репрезентативка: Меланија Грозданова е иднината на македонскиот фудбал!

17/11/2025  11:59

Меланија Грозданова, со само 16 години, веќе е водечка фигура во македонскиот женски фудбал. Актуелна А-репрезентативка и лидер на шампионот ЖФК Љуботен, таа оваа сезона постигна 8 голови и ја води својата екипа кон нова титула. Европа веќе ја следи скаути и аналитичари внимателно ја следат секоја нејзина минута на теренот.

Талентот на Меланија се развивал уште од осумгодишна возраст, кога тренирала со момчиња, а на 10 години веќе била повикана во националната У15 селекција како најмлада во генерацијата. Денес, таа игра како крило или централен напаѓач, брза и експлозивна, опасна во еден-на-еден ситуации, со менталитет што ретко се гледа кај играчи на нејзини години.

„Сакам да бидам играч што прави разлика во последната третина од теренот,“ вели Меланија, која веќе остави впечаток на европската сцена. Дебито за А-репрезентацијата и две стартерски позиции само го потврдуваат тоа.

Тренерот Боjан Стаменковиќ истакнува дека Меланија напредува во секој сегмент: техника, тактика, финиш, прв допир и игра под притисок. Лигата веќе се прашува: „Каков играч ќе биде ова девојче на 18 години ако вака игра на 16?“

Меланија не е само фудбалерка, туку инспирација за младите девојки ширум Македонија да тренираат, да сонуваат и да веруваат во женскиот фудбал. Со вистинска работа, инфраструктура и поддршка, таа може да стане играч од европска класа и столб на А-селекцијата во годините што доаѓаат.

Ова е нејзиното време.
Ова е нашата иднина.
Меланија Грозданова — името кое треба да се памети.