Skip to main content
Свет

САД тврдат дека нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар

23/06/2025  20:30

Нема жртви кај американските сили во воената база во Катар откако Иран нападна со проектили нивната база Ал-Удеид, јавија американски медиуми повикувајќи се на функционери во Вашингтон.

Весникот Њујорк тајмс објави дека Иран ги координирал нападите врз воздухопловната база во Катар и испратил претходно предупредување до таа земја со цел да се избегнат човечки жртви.

Иран изврши ракетни напади врз американска база во Катар како одговор на американското бомбардирање на иранските нуклеарни објекти. Американските власти негираа дека е нападната нивна воена база во Ирак.

Катарските власти изјавија дека ракетите биле пресретнати и дека немало жртви, осудувајќи го нападот на Иран, но истакнувајќи дека Катар го задржува правото да одговори со пропорционална сила.