Skip to main content
Свет

САД означиле повеќе нарко картели како глобални терористички организации

19/02/2025  19:01

Соединетите Американски Држави денеска ги означиле криминалната група „Трен де Арагва“, картелот „Синалоа“ и другите нарко-картели за глобални терористички организации, се наведува во соопштение на Федералниот регистар.

Во соопштение на американскиот Стејт департмент стои дека овие групи претставуваат ризик за националната безбедност, надворешната политика и економските интереси на САД, пренесоа агенциите.

Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која ги повика официјалните лица да проценат дали некој криминален картел или транснационална банда треба да бидат означени како терористички групи.