Skip to main content
Свет

САД ќе преземат десетици милиони барели венецуеланска нафта

07/01/2026  18:48

САД ќе преземат десетици милиони барели венецуеланска нафта. Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе ја продадат по пазарни цени и ќе го контролираат користењето на приходите.

Тој истакна дека ќе преземат десетици милиони барели венецуеланска нафта и ќе ја продадат на светските пазари по пазарни цени.

Рубио нагласи дека Вашингтон ќе се погрижи средствата добиени од продажбата на нафтата да бидат распределени на начин што ќе му користи на венецуеланскиот народ, а не на корупцијата или на актуелниот режим во земјата.

„Ќе преземеме меѓу 30 и 50 милиони барели нафта. Ќе ја продадеме по пазарни цени, а не со попустите што Венецуела досега ги добиваше. Потоа, внимателно ќе го контролираме начинот на распределба на средствата, за тие да бидат во корист на граѓаните на Венецуела, а не на корупцијата и режимот“, изјави Рубио.

Тој додаде дека САД ќе обезбедат американските, западните и другите меѓународни компании да имаат фер и рамноправен пристап до венецуеланскиот пазар.