
Американските и руските делегации денеска пристигнаа во Истанбул на разговори за нормализирање на работата на своите дипломатски претставништва откако војната во Украина го предизвика најголемиот конфликт меѓу Москва и Западот од Студената војна.
На снимката на „Ројтерс “се гледа како неколку автомобили влегуваат во дворот на рускиот конзулат во центарот на Истанбул.
Разговорите ќе ги водат новиот руски амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев, и заменик-помошникот државен секретар на САД, Соната Колтер, соопшти руското МНР.
🇷🇺🇺🇸 Russian delegation, helmed by Ambassador to the US Alexander #Darchiev arrives at the @rusya_istanbul — venue for the consultations with the US delegation, headed by Sonata #Coulter, DAS of State for Russia & Central Europe, which will be begin shortly.
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) April 10, 2025
📍 Istanbul, Türkiye pic.twitter.com/6lbbp5vt1h
Главниот фокус, велат Москва и Вашингтон, е обновувањето на дипломатските мисии по долгогодишни расправии, меѓусебни тврдења за заплашување, па дури и замрзнување на дипломатските средства меѓу двете нуклеарни сили.
„Украина не е, апсолутно не е на дневен ред“, изјави во вторникот портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.
„Овие разговори се единствено фокусирани на работата на нашите амбасади, а не на нормализацијата на билатералните односи во целина, што може да се случи, како што рековме, само кога ќе се воспостави мир меѓу Русија и Украина“.
И Москва и Вашингтон во последните години се жалеа на тешкотии при добивање акредитиви за своите дипломати, што ја отежнува работата на нивните амбасади, пренесува медиумот.
Русија сподели дека дури и плаќањето на дипломатите стана тешко поради западните ограничувања, а американските дипломати велат дека нивното движење во Русија е ограничено. Двете страни се пожалија на заплашување.
Во прашање е и дипломатскиот имот.
Вашингтон стави шест руски имоти под ограничувања, вклучувајќи го имотот Киленворт на Лонг Ајленд, руската традиционална куќа за одмор во Мериленд, руските конзулати во Сан Франциско и во Сиетл и трговските мисии во Вашингтон и во Њујорк.