Skip to main content
Македонија

САД и Македонија го отворија Стратешкиот дијалог: Потврдена силната соработка во рамки на НАТО

07/04/2026  19:12

Денеска во Скопје беше отворен Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија, на кој двете земји ја потврдија својата силна соработка и заедничка посветеност кон колективната одбрана во рамки на НАТО.

Настанот го отворија високиот претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, Брендан Ханрахан, и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

Тие истакнаа дека партнерството меѓу двете држави останува цврсто и стратешки важно, особено во контекст на безбедносните предизвици на глобално ниво.

Во рамки на дијалогот беше нагласено дека инвестициите на сојузниците во колективната одбрана, развојот на воени капацитети и унапредувањето на интероперабилноста придонесуваат за посилно НАТО и поголема безбедност на земјите членки.

Од Амбасадата на САД во Македонија соопштија дека Стратешкиот дијалог претставува значаен чекор во продлабочувањето на билатералните односи и унапредувањето на соработката во повеќе области, вклучително и безбедноста, економијата и демократските институции.

Соговорниците се согласија дека ваквите средби се клучни за координација и заедничко справување со современите предизвици, со цел обезбедување стабилност и просперитет во регионот.