Skip to main content
Свет

САД го проширија списокот на земји со депозит до 15.000 долари за виза

05/01/2026  21:41

Соединетите Американски Држави додадоа уште седум држави на списокот на земји чии државјани мора да платат депозит до 15.000 долари при аплицирање за американска виза. Од новододадените земји, пет се од африканскиот континент. Со ова, вкупно 13 земји се опфатени со мерката, од кои дури 11 се африкански, што за многу граѓани значително го отежнува и поскапува процесот на добивање американска виза. Депозитот не претставува гаранција за одобрување на визата, но средствата ќе бидат вратени доколку апликацијата биде одбиена. Стејт департментот минатата недела ги вклучи Бутан, Боцвана, Централноафриканската Република, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Намибија и Туркменистан, а одлуката официјално стапи на сила на 1 јануари.

Претходно, во октомври, на списокот беа додадени Мавританија, Сао Томе и Принципе, Танзанија, Гамбија, Малави и Замбија. Со воведувањето на депозитот, САД ги заоструваат правилата за влез во земјата, вклучувајќи задолжителни лични интервјуа, доставување докази за активност на социјалните мрежи, како и детален преглед на претходни патувања и престои на апликантите и членовите на нивните семејства.