Skip to main content
Спорт

САД го освои мундијалскиот трофеј прв пат од 1960 година

26/05/2025  11:29

Селекцијата на САД синоќа во Стокхолм ја победи Швајцарија со 1:0 во финалето на Светското првенство во хокеј на мраз.

Стрелец на единствениот гол беше американскиот напаѓач Тејџ Томпсон во третата минута од продолжението, откако по основните 60 минути немаше победник ниту постигнат гол.

Репрезентацијата на САД го освои Светското првенство во хокеј по трет пат во историјата и прв пат од 1960 година. Американците играа во финалето на Светското првенство за прв пат од 1933 година. Победата на Соединетите Држави на Олимпијадата во 1960 година се броеше како светска титула, но тој турнир не беше посебно светско првенство и се одржуваше во групен формат без плејоф.

Селекцијата на Швајцарија го освои среброто на Светското првенство по петти пат во историјата. Тимот никогаш не го освоил светскиот шампионат.

Бронзен медал на турнирот освои Шведска, која во мечот за третото место ја победи Данска (6:2).