
Соединетите Американски Држави (САД) ја одложија примената на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште 30 дена, кои се дел од пакет-санкциите на Вашингтон наметнати на рускиот енергетски сектор, чиј дел е и НИС, беше соопштено денеска во Белград на денот кога требаше да стапат во сила рестриктивните мерки.
Претседателот Александар Вучиќ објави документ на „Инстаграм“ за одложувањето и изјави дека „добиле дополнителни 30 дена за Нафтената индустрија на Србија“. Како што изјави, ова е добра вест за граѓаните на Србија.
Вучиќ во својата објава прикачи документ од американското Министерство за финансии со кој ја објавува одлуката.
Санкциите против НИС требаше да стапат во сила во 6 часот утринава. Србија побара одложување на санкциите за најмалку 90 дена.