
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутација за воена служба од јануари до 31 декември 2026 година, во кој ќе бидат вклучени 261.000 руски граѓани, објавија руските медиуми.
Указот беше објавен денеска на официјалната веб-страница за правни информации.
Регрутацијата е планирана за руски граѓани на возраст од 18 до 30 години кои не се во резерва на армијата.
Врз основа на истиот указ, војниците и помладите офицери чија воена служба е истечена ќе бидат отпуштени од армијата, соопшти агенцијата.
Руската влада доби упатства за тоа како да обезбеди спроведување на мерките поврзани со регрутацијата.
