Skip to main content
Свет

Рускиот амбасадор во ОН: Преговори во Истанбул за мирно решение на украинскиот конфликт

31/05/2025  14:35

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, во обраќање во Советот за безбедност на ОН нагласи дека само прекин на огнот не е доволен за да се стави крај на повеќе од тригодишната војна на Москва во Украина.

„За да постигнеме одржливо и трајно решавање на кризата во Украина, треба да се справиме со нејзините корени…Она што го предлагаме е втора рунда разговори во Истанбул следниот понеделник… каде што можеме да размениме меморандуми за пристапите на двете страни кон процесот на преговори“, додаде тој.

САД сакаат Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот.