Skip to main content
Свет

Руската противвоздушна одбрана уништила 77 украински дронови

07/12/2025  09:57

Противвоздушната одбрана собори 77 украински дронови над руските региони во текот на изминатата ноќ, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

– Во текот на изминатата ноќ, дежурните системи на противвоздушната одбрана пресретнаа и уништија 77 украински беспилотни летала, се вели во соопштението.

Во текстот се наведува дека во регионот Саратов биле уништени 42 украински дронови, а уште 12 биле уништени во Ростовската област.