Skip to main content
Свет

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште две села во источна Украина

22/11/2025  14:43

Министерството за одбрана во Москва денеска соопшти дека руските сили зазеле уште две села во источните украински региони Донецк и Запорожје.

-Како резултат на решителните акции, единиците на Јужната група сили го ослободија селото Звановка во Донецката народна република. Како дел од активните офанзивни операции, единиците на Источната група сили го ослободија селото Новое Запорожје во Запорожје, се вели во соопштението на Министерството.