Skip to main content
Свет

Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН на 30 мај

27/05/2025  12:09

Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со заканата за мирот која, како што е наведено, доаѓа од европските земји кои се обидуваат да спречат мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави денес првиот заменик на постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Пољански.

Тој додаде дека очекува состанокот да биде закажан за 30 мај, како одговор на барањето на европските земји за седница еден ден порано, пренесува ТАСС.

„Трпението на нашите непријатели во ОН, кои трпеливо ги чекаат резултатите од преговорите во Истанбул и реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп на нив, се чини дека е исцрпено. За нив е важно да го држат украинското прашање „на површина“ во Советот за безбедност, дури и ако ризикуваат да не го постигнат тонот што го претпочита новата американска администрација“, рече тој, објави Танјуг.