
Русија соопшти дека пристапот кон „едностран, агресивен, неиспровоциран напад“ врз Иран претрпел „тежок пораз“ откако американскиот претседател Доналд Трамп објави двонеделен прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран, објави Анадолија.
„Сите изјави за потребата да се биде поагресивен, поофанзивен, да се пишува повеќе на социјалните мрежи и за „победата“ што наводно е веднаш зад аголот, повторно претрпе тежок пораз. Истото важи и за пристапот кон таков едностран, агресивен, неиспровоциран напад“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за радио „Спутник“.
Захарова истакна дека Русија од самиот почеток инсистирала дека е потребно веднаш да се запре „агресијата“ против Иран и да се започне со „вистинско политичко и дипломатско решение“ и дека нема воено решение за ситуацијата.
Трамп објави дека се согласил да „го суспендира бомбардирањето и нападот врз Иран за период од две недели“. Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се сместени американски воени сили. Исто така, го ограничи и бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
