
Назначен е нов руски амбасадор во Соединетите држави, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, еден ден по билатералните разговори во Истанбул и во услови на растечко зближување меѓу Москва и Вашингтон.
Во соопштението се вели дека наскоро во Вашингтон ќе пристигне амбасадорот Александар Дарчиев (64), кој во 2021 година беше директор на Одделот за Северна Америка на руското МНР, а на почетокот на годината беше назначен на функцијата за целата северноатлантска зона (Велика Британија, Ирска, Канада и САД). Од 2014 до 2021 година беше амбасадор во Канада.
Дарчиев ќе го замени Анатолиј Антонов, дипломат-ветеран кој ја напушти функцијата амбасадор во САД во октомври 2024 година, во време на зголемени тензии меѓу двете сили поради руската војна во Украина.
Новиот амбасадор, кој течно зборува англиски и француски јазик, работеше како советник во Руската амбасада во Вашингтон од 2005 до 2010 година.
Неговото назначување доаѓа еден ден по руско-американските разговори во Истанбул, чија цел е враќање на нормалното функционирање на амбасадите и конзулатите