Skip to main content
Свет

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

21/03/2026  16:28

Руското Министерство за надворешни работи го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз.

„Ова е грубо кршење на меѓународното право“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Иран ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека денеска бил погоден објектот за збогатување ураниум во Натанз, соопшти агенцијата во објава на платформата Икс.