Skip to main content
Хроника

Рудар од Чучер Сандево тешко се повредил на работното место

15/01/2025  19:04

57-годишен рудар од скопското село Чучер-Сандево вчера бил донесен со тешки повреди во скопската болница „Св. Наум Охридски“, по инцидент кој се случил во рудникот „Бањани“, соопшти МВР.

„На 14.01.2025 во 09.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.М.(57) од с.Чучер Сандево, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник кај с.Кучевиште, општина Чучер Сандево. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.