Skip to main content
Свет

Рубио најави одредени промени во мировниот план за Украина

23/11/2025  19:38

Во Женева завршија преговорите на високо ниво на американска делегација со претставници на Украина, Германија, Франција и Велика Британија за мировниот план за Украина предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Марко Рубио вели дека денешните состаноци биле „најпродуктивните и најзначајните“ во мировниот процес досега.

По тие разговори, американскиот државен секретар изјави дека американскиот тим работи на „одредени измени“ во мировниот план, очигледно врз основа на украински предлози. За Украинците, но и за Европејците, најконтроверзниот дел е предавањето на целиот Донецк на Русија, а Европа во својот контрапредлог објави дека разговорите за територијата треба да се водат откако ќе се постигне прекин на огнот на сегашната линија на фронтот.

Тој додаде дека сè уште има работа што треба да се заврши и дека подоцна би можеле да дадат дополнително ажурирање, а потоа рече: „Имаме многу добар работен документ кој веќе е изграден врз темелите на предлозите од сите релевантни засегнати страни, а сега можевме да разгледаме некои од тие точки, една по една.“

„Мислам дека постигнавме добар напредок. Нашите тимови се повлекоа во своите канцеларии и работат на некои од предлозите што ни беа презентирани, а ние ги разгледуваме и правиме измени со надеж дека можеме дополнително да ги стесниме разликите и да се приближиме до решение со кое и Украина и, секако, САД ќе се чувствуваат удобно“, рече Рубио. Тој исто така нагласи дека за секој план ќе биде потребно одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп, но дека е „прилично смирен“ по тоа прашање.