Skip to main content
Свет

Рубио на средба со Г7 во Минхен: Фокус на глобалните конфликти и безбедносните предизвици

15/02/2026  08:39

Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со министрите за надворешни работи на земјите од Групата седум на маргините на Минхенска безбедносна конференција, каде што беа разгледани клучните безбедносни прашања на глобално ниво.

Како што информираше Стејт департмент, разговорите биле насочени кон тековните конфликти што влијаат врз стабилноста во делови од Африка, Европа и Блискиот Исток. На состанокот се дискутирало и за пошироките предизвици поврзани со регионалната безбедност во Индо-пацифичкиот регион и Западната хемисфера.

Г7 ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, додека Европска Унија учествува со статус на набљудувач.

Во текот на средбата, Рубио ја нагласил определбата на Вашингтон за поддршка на стабилноста во Венецуела, како и за продолжување на дипломатските напори за постигнување прекин на војната меѓу Русија и Украина.