
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Николас Мадуро не е претседател на Венецуела, туку претседател на нарко-картел кој ја презеде контролата врз земјата.
– Мадуро не е претседател на Венецуела и неговиот режим не е легитимен. Мадуро е шеф на Картел де лос Солес, нарко-терористичка организација која ја презеде контролата врз земјата, напиша Рубио на мрежата X.
Тој поосчи дека Мадуро е под обвинение за трговија со дрога во САД.
Рубио ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е извршен „успешен напад од големи размери врз Венецуела“ и дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга се уапсени и префрлени надвор од земјата.
Коментарите на Трамп дојдоа неколку часа откако низ главниот град на Венецуела, Каракас, се слушнаа повеќе експлозии, а беспилотни летала беа видени како летаат ниско над градот.
Владата на Мадуро веднаш ги обвини САД за напад врз цивилни и воени објекти, нарекувајќи го тоа империјалистички напад и повикувајќи ги граѓаните да излезат на улиците.
Главната обвинителка на САД, Памела Бонди, објави дека Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се обвинети во Јужниот округ на Њујорк и оти ќе им се суди пред американски суд, на американска територија.
