
Руската државна агенција за нуклеарна енергија, Росатом, е подготвена да и понуди на Србија мали нуклеарни централи и енергетски блокови со голем капацитет, објавија српски медиуми.
„Росатом е подготвен да им понуди на своите српски партнери комплетен спектар на решенија: од нуклеарни електрани со ниска моќност базирани на реактори RITM-200 до енергетски блокови со висока моќност од генерација 3+. Нашите технологии веќе ја докажаа својата сигурност и ефикасност и во Русија и во странски постројки“, изјави Марија Деуриќ директорка на претставништвото на компанијата во Србија.
Русија започна „нова фаза“ на соработка со Србија во врска со потенцијалната изградба на нуклеарни централи во земјата, коментираше извршниот директор на „Росатом“, Алексеј Лихачев, за резултатите од неодамнешната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Русија, пренесоа руски медиуми.
„Од денес, нуклеарната енергија всушност е вклучена во официјалната агенда на руско-српските односи“, рече Лихачев.