Skip to main content
Спорт

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

05/06/2025  08:55

Репрезентацијата на Португалија синоќа ја  победи Германија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Домаќините го отворија резултатот преку Флоријан Вирц во 48. минута. Франциско Консеисао погоди за гостите во 63. минута, а Кристијано Роналдо пет минути подоцна го постигна голот вреден финале.

Португалија во финалето на Лигата на нации ќе се соочи со победникот од вечерашниот натпревар Шпанија – Франција.

Германија ќе игра со поразениот за третото место.