Генерал-мајор Флорин Барбу ќе ја преземе командата со мисијата ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина на крајот на јануари, соопшти романското Министерство за одбрана.
За поддршка на заедничките напори во рамките на операцијата, романските вооружени сили вчера го распоредија одредот „Дакиан Пумас“, составен од околу 100 војници и четири хеликоптери ИАР-330 за транспорт, извидување и медицинска евакуација, пренесуваат романските медиуми.
Целта на мисијата ЕУФОР Алтеа, која почна во декември 2004 година врз основа на мандат од Советот за безбедност на ОН, е да ја поддржи обединетата стратегија на Европската унија за БиХ, обезбедувајќи безбедна и стабилна средина, особено преку поддршка на јавните власти и заедничка обука на вооружените сили на БиХ, соопшти романското Министерство за одбрана.