Skip to main content
Свет

Романија активира борбени авиони поради беспилотни летала близу границата

24/11/2025  16:32

Романското министерство за одбрана ангажирало борбени авиони во текот на ноќта и рано утринава поради присуство на беспилотни летала во близина на нивната граница за време на нападот врз Украина.

Во соопштението од министерството се наведува дека првите германски авиони ,,Еурофајтер Тајфун” полетале во текот на ноќта за да ја следат ситуацијата. Беспилотните летала исчезнале од радарот кратко откако експлозиите биле регистрирани во Украина, во градот Исмаил кој е близу нивната граница.

Романија дели граница од 650 километри со Украина, а делови од уништени руски беспилотни летала постојано паѓаат на нејзина територија.